ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби: Верувам дека веќе имаме двотретинско мнозинство за законот за ЈО

Груби изрази надеж дека ќе има и друга пленарна седница и оти ќе се усвојат и останатите закони што сега се во процедура, потенцирајќи дека граѓаните очекуваат тие да бидат донесени од овој парламентарен состав.

February 12, 2020 13:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рекордно време Комисијата за европски прашања ја заврши расправата за предлог законот за јавно обвинителство и на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители, без прифатен ниту еден амандман. Двата закона веќе ги проследивме на пленарна седница и сега се во рацете на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој откако ќе потврди дека имаме двотретинско мнозинство кое јас верувам дека веќе го имаме ќе ја свика пленарната седница за да се изгласаат.

Тоа го изјави по денешната седница на Комисијата за европски прашања нејзиниот претседател и пратеник од ДУИ Артан Груби.

Апсолутно сите барања на ДУИ и на заедницата, како што дополни, се инкорпорирани во двата закона.

-Успеавме да воведеме Бадентер во изборот на сите јавни обвинители во обвинителството за гонење организран криминал и корупција, успеавме да ја вметнеме и целосната еднаква службена употреба на албанскиот јазик во Јавното обвинителство  и Советот на јавни обвинители, согласно со одлуките пропишани во Законот за употреба на јазиците, како и намалување на критериумите за избор на јавни обвинители при што ќе се обезбеди правична застапеност и на Албанците и на другите етнички заедници во Јавното обвинителство, рече Груби.

Одговарајќи на новинарско прашање наведе дека  смета оти веќе имаат двотретинско мнозинство со оглед на тоа како се одвивала дебатата на Комисијата за европски прашања и со оглед на тоа какво е расположението кај пратениците.

Груби изрази надеж дека ќе има и друга пленарна седница и оти ќе се усвојат и останатите закони што сега се во процедура, потенцирајќи дека граѓаните очекуваат тие да бидат донесени од овој парламентарен состав.

– Овие две точки на дневен ред заедно со уште неколку кои преостануваат во овој мандат за во март, најдоцна во мај  да добиеме заслужен датум за почнување преговори за членство во ЕУ, изјави Груби.

 

На текстот на законот за ЈО имаше само еден амандман поднесен од пратеникот Сурија Рушиди, кој министерката за правда Рената Дескоска не го прифати и не беше усвоен од мнозинството во Комисијата.

Како што објасни претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби, пратеникот Панчо Минов иако најавил не поднел комисиски амандман на законот за ЈО.

За двата закона, што се носат по кратка постапка, денеска треба да се изјасни и собраниската Законодавно правна комисија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk