Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс Коби Брајант и неговата ќерка Џиана се погребани на приватна церемонија во Калифорнија, пренесува „Њујорк пост“.
Поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, неговата 13-годишна ќерка и уште седум лица загинаа во хеликоптерска несреќа која се случи на 26 јануари.
Коби Брајант и Џиана биде погребани минатиот петок во „Корона дел Маре”, а комеморацијата и јавното „испраќање” на сите девет жртви од хеликоптерската несреќа е закажана за 24 февруари во „Стејплс центар” во Лос Анџелес. Причината за овој датум се броевите на дресовите на Коби и Џиана, 24 и 2.
-Ванеса и семејството сакаа приватност при погребувањето. Церемонијата била многу тешка за сите поради тоа што се уште им е тешко да се соочат со загубата на две прекрасни души, ја пренесе „Entertainment Tonight” изјавата на својот извор.
Kobe Bryant, daughter Gianna laid to rest in private Los Angeles funeral https://t.co/OYwkKU1LU6 pic.twitter.com/FuD75JFbZQ
— New York Post (@nypost) February 11, 2020