ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Полицискиот синдикат се заблагодари за бонус-платата и очекува таа да се исплаќа и во иднина

Право за добивање бонус-плата имаат сите вработени во МВР кои работеле 150 часа подолго од полното работно време, а во текот на годината не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден.

February 12, 2020 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Илустрација полиција

Илустрација полиција

Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот полициски синдикат (МПС) ги извести своите членови, вработени во Министерството за внатрешни работи, дека денеска на сметките на околу 5000 нивни колеги кои ги исполнуваат условите за исплата на бонус-плата за 2019 година ќе им бидат префрлени по околу 25.066 денари, колку што изнесува просечна плата во земјава. Веста за бонус-платата за полициските службеници и вработени во МВР пред малку на Фејсбук ја објави и премиерот Оливер Спасовски.

Право за добивање бонус-плата имаат сите вработени во МВР кои работеле 150 часа подолго од полното работно време, а во текот на годината не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден.

-Како репрезентативен синдикат во рамките на МВР кој во изминатиот период преговараше со работодавецот да се започне со исплата на бонус-плата, право кое е загарантирано со Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР и, донесен и потпишан од МПС и МВР, сакаме да изразиме голема благодарност до сите чинители во МВР и во МПС кои изминатиот период работеа на решавање на овој проблем и започнување на исплата, а посебна благодарност до г. Оливер Спасовски со кој како министер за внатрешни работи го постигнавме договорот, соопшти МПС.

Синдикатот додава дека искрено верува  процесот за исплата на бонус-платата во иднина да продолжи како тековна активност, со планирање на средства во буџетот, но и сите други права и основи кои како синдикат и работодавец ги предвиделе и нотирале во Колективниот договор на МВР.

-Процес кој ќе резултира на сведување до минимум покренувањето на судски постапки по овој основ што резултираат со испумпување на енормно голема сума на парични средства од буџетот на МВР од кој, за жал, најголемиот процент легнаа на сметките на адвокатите и извршители, народни пари кои се и тоа како неопходни за нормално функционирање на Министерството за внатрешни работи. Пресметките кажуваат дека со овие средства значително ќе се подобри статусот на вработените преку домаќинско работење и обезбедување подобри услови за работа и материјално-технички средства за вработените, додава МПС.

Next Post

Владата на Курти си ги преполови платите

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk