ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Милошоски е очаен криминалец исплашен од Законот за ЈО

СДСМ во соопштение за медиумите вели дека Заев е првиот политичар што на тие што го величат им кажа дека ќе одговараат ако правеле криминал. Во соопштението се додава дека во ВМРО-ДПМНЕ владее паника и нервоза од носењето на Законот за ЈО и ако е толку уверен во своите лаги, нека ги поднесе Милошоски материјалите до институциите

February 12, 2020 16:11
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот Антонио Милошоски пред пратениците во комисијата за европски прашања пушти аудио запис, во кој, според него, се слуша глас на лице со иницијали З.З. (алудирајќи на  поранешниот премиерот Зоран Заев), кој разговара со друго лице за обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

СДСМ во соопштение за медиумите вели дека Заев е првиот политичар што на тие што го величат им кажа дека ќе одговараат ако правеле криминал. Во соопштението се додава дека во ВМРО-ДПМНЕ владее паника и нервоза од носењето на Законот за ЈО и ако е толку уверен во своите лаги, нека ги поднесе Милошоски материјалите до институциите.

„Паника и нервоза владее во ВМРО-ДПМНЕ од носењето на Законот за јавно обвинителство  и од тоа што не успеаја да го одбранат криминалот на Никола Груевски.

Ако се толку уверени во своите лаги, итно нека поднесат се што имаат како материјали до институциите, па низ јавни и отворени постапки да ги видиме наводните докази.

Милошоски е очаен  криминалец и очигледен е стравот кај него од владеење на правото и од независен судски систем што впрочем се обезбедува со носењето на ЗЈО.

Милошоски е криминалец, радикал и штетен за државните интереси, познат по незаконската лустрацијата, сомнителните зделки и тајните преговори за името.

Граѓаните многу добро знаат како ВМРО-ДПМНЕ постапуваше со медиумите и новинарите. Од закани за фрлање во ендеци, апсења и затворање на новинари, упади во медиуми, венци за новинари на домашни адреси, до медиумски мрак и загушени медиумски слободи.

Оваа власт предводена од СДСМ ја врати слободата и има ист третман кон сите медиуми.

Оваа власт не троши државни пари за да поткупува медиуми и новинари.

Зоран Заев е прв политичар кој на човек кој јавно го величал, му испратил порака дека ако го прекршил законот – ќе одговара, што впрочем се дозна и вчера на судското рочиште.

Република Северна Македонија е правна држава во која законите владеат за сите подеднакво и секој кој постапувал незаконски одговара за своите постапки. ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, а Антонио Милошоски, Христијан Мицкоски и Никола Груевски се носители на криминалот.“ се вели во соопштението на СДСМ.

Next Post

Мицкоски: Не гледам причина за натамошно учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk