Техничкиот премиер Оливер Спасовски достави предлог со кој се бара од пратениците разрешување на министерката Рашела Мизрахи.
„Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи“ – велат од Владата за ТВ 24
До ваквата разврска доаѓа откако Мизрахи неколкупати се појави и на прес-конференција во МТСП пред табла со старото име „Република Македонија“.