ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски потврди дека побарал разрешување на Мизрахи, вели Уставот и законите мора да се почитуваат

Одговорноста треба да ја имаме пред граѓаните, државата, нејзината иднина. Ако некој смета дека ситно партиските, тесни, политички интереси се поважни од Македонија и иднината на оваа држава се лаже многу. Јас како претседател на Владата и оваа Влада нема да дозволиме никој да си поигрува со судбината на државата и на граѓаните, рече Спасовски и нагласи дека предлогот е веќе доставен, бидејќи, како што рече, никој не смее да си поигрува со Уставот и законите

February 12, 2020 15:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За се можеме да правиме компромис и да разговараме, но за почитување на Уставот и законите нема компромиси, истакна денеска премиерот Оливер Спасовски, кој истакна дека веќе презел чекори во однос на постапката на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи во врска со таблата во Министерството со кое таа раководи – доставил предлог до Собранието за нејзинот разрешување.

-Одговорноста треба да ја имаме пред граѓаните, државата, нејзината иднина. Ако некој смета дека ситно партиските, тесни, политички интереси се поважни од Македонија и иднината на оваа држава се лаже многу. Јас како претседател на Владата и оваа Влада нема да дозволиме никој да си поигрува со судбината на државата и на граѓаните, рече Спасовски и нагласи дека предлогот е веќе доставен, бидејќи, како што рече, никој не смее да си поигрува со Уставот и законите.

-Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи, потврдија претходно од Владата за МИА.

Барањето за разрешување следува откако министерката Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“. Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата, и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции.

Според Уставот за предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk