Амбасадорот на Косово Ѓерѓ Дедај на денот на ратификацијата на протоколот за НАТО им честитал на граѓаните на нашата земја со една слика на пратениците на ДУИ со нивниот лидер, Али Ахмети.
На овој скандал реагирале албанските партии, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Движењето Беса. Тие барат разрешување на Амбасадорот кого го обвинуват дека заземал страна навивајќи за ДУИ. Потпретседателот на Алијансата на Албанците, Елми Азири, обвинува дека со овој гест Дедај потикува поделби меѓу албанците во Северна Македонија.
Ништо не останува од демократијата кога амбасадорот на ДПК во ДУИ изразува негова симпатија. Го потсетуваме амбасадорот дека негова должност е да работи за подршка на интересите на Косово за албанците албанците во РСМ а не на партиските интереси на партиите каде тој се именува. За нас тој е “персона нон грата” и истиот треба да биде разрешен”, реагирал Азири.
Од Алтернатива го потсетуваат амбасадорот дека членството вжна земјата во НАТО не е заслуга само на ДУИ туку на повеќе партии, а најмногу на сите граѓани и албанци во земјава. Со ист став реагираа и од Беса на Биљал Касами. Од таму додавале дека се радуват што во Косово се промени власта и очекуваат промени и во Косовската диоломатија.
A.Зеќири