Со оглед на тоа како функционира ВМРО-ДПМНЕ во МВР нема да бидам изненаден ако не бидат мирни изборите, тие уште сега се спремаат за оправдување зошто ќе изгубат и оправдување зошто тоа се случува, ги имаат активирано сите структури кои што ги имаат се со цел повеќе да наштетат на граѓаните, граѓаните тоа го препознаваат и го гледааат секојдневно. Имено, имаме министер за внатрешни работи во којшто се случуваат разни 20тина инциденти во рок до десетина дена и тоа е јасно ќе покаже за неспособноста на министерот за внатрешни работи“, рече првиот човек на АМС и СДММ, Дарко Каевски, во вечерашното гостување на Само вистина на Канал 5.
Каевски го праша неговиот соговорник Андоновски и за противењето на неговата партија за покачување на минималната плата.
„Не знам како ќе отидете во кампања и ќе им кажете на работниците дека заслужуваат 8,500 денари?! Дали ти како млад човек можеш со 8,500 да го поминеш месецот“, праша Каевски. „Ние застануваме позади секој граѓанин, позади работниците кои што се моторот и силата на екомонија во нашата држава, апсолутно ги поддржуваме нив, растат платите во сите сегменти, тоа секој еден човек и секој еден граѓанин го препознава “, рече Каевски на „Само Вистина“