Кратко траеше министерувањето на техничката министерка за труд и социјала, Рашела Мизрахи. По низата скандалозни постапки, меѓу кои се грубо кршење на законите, Уставот и Преспанскиот договор, поднесен е предлог за нејзино разрешување на утрешната 136-та, претпоследна седница на Собранието.
На контото на нејзиното краткотрајно владеење може да се додадат и груби злоупотреби на државните ресурси во партиски цели, пропагана во работно време, но најтешкиот облик на злоупотреба беше повредата на приватноста на малолетно лице згрижено во институција.