„Никој не треба да се обиде да прави нови опструкции и враќање назад, како што гледаме во Собранието интензивно, како резултат на заканите од одредени структури врз пратениците се случува во овој период, тоа значи страв од одредени структури, од носење на Закон со којшто се предвидува градење на темели на правната држава односно создавање на правниот систем во државата,“, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на дебатата „Клик Плус“ на ТВ 21.
„Никој во државата нема право да создава нови блокади, нови опструкции, оваа држава тргна напред и како и за секоја друга законска постапка, односно почитувањето на деловникот, на останатите позитивни законски прописи, треба да се реализира така како што е нормално во една држава”, нагласи Николовски.
„Ние до пред две години се боревме против режим, немавме слобода по ниту еден основ, темелните вредности на уставниот поредок беа срушени ама денеска гледаме и јас како генерален секретар кога одам по сите општини и кога ги слушаме сите граѓани тие гласно ја критикуваат Владата, гласно ги критикуваат градочалниците, директорите меѓутоа голем дел од проблемите се решени, државата тргна, го имаме НАТО, имаме слобода, имаме демократија, имаме многу нови вредности..“, потсети Николовски.
„Граѓаните можат гласно да говорат и притоа да немаат никаква реперкусија од инспекција, од казни од закани. Така да општеството оди напред и, јас се надевам и сум еден од тие што апсолутно ја бара таа правда“, истакна Николовски.