Собраниската седница посветена на законот за јавно обвинителство, по повеќекратните закажувања и презакажувања, конечно започна во неколку минути пред 22 часот, за веднаш потоа да биде прекината. Седницата практично и не беше започната кога собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина.
Продолжението на 135-та седница за законот за ЈО ќе продолжи утре, со почеток во 11 часот. Барем така е најавено.