Собраниската пленарна седница за законот за јавно обвинителство конечно започна неколку минути пред 22 часот. Воедно, претседателот на Собранието, Џафери, свика две седници и тоа 136. седница за утре, 14 февруари и 137. седница за 16 февруари (недела).
На дневниот ред на утрешната седница е предлогот за разрешување на член на Влада, како и предлог закон за неевидентирани лица во матичната книга на родени. На дневниот ред на седницата в недела е една точка: распуштање на Собранието.