ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсовска: Губиме големи странски инвестиции, неопходна е посветеност на структурните реформи

На овогодишната средба во Париз лидерите на стопанските комори дискутираа и за светските економски движења, со фокус на справување со глобалните предизвици, модернизирање на глобалниот трговски систем, како и дизајнирање на нови модели на глобално управување што ќе придонесат за просперитетен и унифициран дигитален екосистем.

February 14, 2020 10:17
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во наредните две години сериозни инвеститори ќе вложуваат во регионот на Западен Балкан, но за да не ја избегнуваат Македонија потребно е итно спроведување на структурните реформи, истакна претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска по средбите со лидерите на водечките стопански комори на светските економии, САД, Русија, Велика Британија, кои ги оствари во Париз на годишниот состанок на World Chambers Federation WCF.

Таа е првиот избран претставник од Македонија, во раководството на World Chambers Federation WCF, единствениот глобален форум кој застапува над 12.000 стопански комори. На состанокот на раководството на коморите Арсовска, оствари повеќе значајни билатерални состаноци на кои беа дискутирани позициите за влез на нови инвестиции во нашата земјата.

– Сериозни инвеститори планираат да го насочат својот капитал и да ги реализираат предвидените проекти за следните две години во земјите од Западен Балкан. Со оглед на нашата позиција како земја, единствена во регионот со член во раководството на WCF, Македонија има можност за позиционирање како дестинација за реализација на крупни инвестициски проекти. Генералната слика и покрај тоа што стратешки сме добро геопозиционирани, е дека моменталната политичко и социо-економска состојба во земјата е нестабилна, а поткопаната доверба во правниот систем и владеењето на правото, се одразуваат преку непредвидлив деловен амбиент и системска нефункционалност, кои се главните причини кои ги одвраќаат инвеститорите. Без посветување на спроведување на структурните реформи, било какви стимулативни мерки кои ќе се понудат, не се доволно за инвеститорите да донесат одлука. Пропуштање на одлуки за големи странски инвестиции се пропуштена можност за остварување побрз економски развој”, истакна Арсовска.

Таа додаде дека на решавање на овие проблеми кои ги одвраќаат странските инвеститори треба сериозно и посветено да се работи, бидејќи дел од светски реномираните компании веќе ја разгледуваат и можноста за отпочнување проекти во Србија, наместо во Македонија.
Арсовска е избрана за член на меѓународната група за подготовка на економските политики и препораки на петнаесеттиот Самит на лидери на Влади на Г20 кој оваа година во октомври ќе се одржи во Ријад.

На овогодишната средба во Париз лидерите на стопанските комори дискутираа и за светските економски движења, со фокус на справување со глобалните предизвици, модернизирање на глобалниот трговски систем, како и дизајнирање на нови модели на глобално управување што ќе придонесат за просперитетен и унифициран дигитален екосистем.

Светската Коморска Федерација како единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, го претставува гласот на деловната заедница во најрелевантните светски организации како, Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската Трговска Организација, како и Европската Банка за обнова и развој.

Раководството на Светската коморска федерација со седиште во Париз, секоја година ја објавува глобалната агенда на различен континент, во 2018 година во Дубаи, минатата во Русија, а годинава во Франција.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шилегов: Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со повеќе зелени површини

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk