ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димковски: Се слави македонското вино, бренд и белег по кои сме познати и почитувани во светот

Димковски рече дека за да ги направиме нашите вина и винската индустрија уште поконкурентни во светски рамки мора да вложуваме во лозарството.

February 14, 2020 12:34
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска го славиме нашето македонско вино, нашиот бренд и белег по кои сме познати и почитувани во светот. Вака изјави министерот за земјоделство Трајан Димковски по закројувањето на винови лози во месноста Лепово на винаријата „Тиквеш“.

Закроија и премиерот Оливер Спасовски, претседателот на СДСМ Зоран Заев и други во присуство на многубројни гости.

Димковски рече дека за да ги направиме нашите вина и винската индустрија уште поконкурентни во светски рамки мора да вложуваме во лозарството. Тој нагласи дека оваа исконска земјоделска гранка има огромна традиција на опстојување на овие наши балкански простори, а посебно во нашата земја.

-Изминативе две и пол години како ресорно министерство интензивно работевме на развојни мерки за оваа наша стратешка гранка, како и на навремена и неселективна исплата на субвенциите тогаш кога им се потребни на лозарите. Нашите мерки за развој на винската индустрија веќе даваат позитивни резултати. Стануваме препознатливи по производството на квалитетно вино што не етаблира како винска земја, рече министерот.

Тој информираше дека вкупното производство на вино се движи од 115 до 125 милиони литри, од кои приближно 80 милиони литри завршуваат на пазарите надвор од РСМ од што годишниот девизен прилив изнесува околу 50 милиони евра.

Димковски соопшти дека македонските вина прават сериозен пробив на европските и странски пазари и тоа е добро за нашата економија и за афирмација на нашата земја. Расте извозот на вино во шише, а паралелно и наградите за македонските вина на меѓународните саеми.

-Во периодот што следува уште повеќе ќе вложуваме во промоција на македонските вина на меѓународните пазари преку мерките од новите програми на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, рече министерот.

Тој нагласи дека лозарството е стратешка извозна гранка која мора да се развива и унапредува. Како Влада, додаде, покажавме голема грижа за лозарите и за решавање на проблемите со кои тие се соочуваат.

-Нам ни е важно лозарите да продолжат да произведуваат квалитетно и убаво грозје. И оваа година пред новата реколта исплатени се субвенциите за одржување лозови насади за да можат лозарите навреме да ги извршат потребните агротехнички мерки. Ги вративме парите кај лозарите, решивме еден наследен и долгогодишен проблем, а тоа е ненаплатениот долг од неколку винарии што претставуваше блокада за работата на лозарите. По овој основ досега исплативме 100,5 милиони денари, нагласи Димковски, честитајќи го денешниот празник Св. Трифун и упатувајќи успешен почеток на новата производствена година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО/ФОТО) Мерцедес го промовираше новиот болидот во Ф1

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk