Сите пратеници кои ќе гласаат за Законот за Јавно обвинителство се за интересите на државата, изјави вицепремиерката за економски прашања и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска во интервју за емисијата 360 на Алсат.
– Пратениците во Собранието треба да покажат дека со гласањето за Законот за ЈО всушност правиме чекор плус во политичка стабилизација, но и во приближување кон европското семејство, порача Царовска. Царовска додаде дека неслучајно е потребно сега да се донесе законот во време кога сите очекуваме позитивна одлука од ЕУ за старт на преговорите.