Вицепремиерката за економски прашања и потпретседателка на СДСМ Мила Царовска во интервју за емисијата 360 на Алсат истакна дека техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи треба да понесе политичка одговорност затоа што со своето делување свесно го прекршила Уставот но и односите со соседите и интеграцијата во НАТО.
На прашање поврзано со таблите во МТСП, Царовска рече дека во Министерството имало четири различни табли, дел од нив со новото иставно име, а дел без име, но според Царовска, Мизрахи намерно одбрала да застане пред таблата со старото име на државата.
– Покрај банерот кој јас го користев има уште табли на некои од нив го има уствното име на некои воопшто не го пишува името на државата, но Мизрахи на почетокот стоеше пред бел ѕид а потоа и пред старата табла, тоа на крајот е одговор на министерот и тоа покажува дека Мизрахи треба да сноси политичка одговорност, посочи Царовска.