ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од „Чиста Македонија“ – се раѓа „Златната зора“ на МВРО антифашистичка

Навистина човек да ја жали Мизрахи. Не поради разрешувањето, кое го заслужи со нејзиниот однос, особено со ставот дека таа е спремна континуирано да крши закони. Јас сочувствувам со неа токму како жена, и како Еврејка. Поради грубата злоупотреба што и ја направија токму од нејзината партија

February 15, 2020 16:22
in ФРОНТ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Внимателно ја изгледав целата седница на која се разрешуваше техничката министерка Мизрахи. Речиси и да немаше пратеник од нејзината партија кој не искажа ноторни лаги, клевети, навреди, не само кон присутните, туку најчесто кон луѓе не присутни во салата што и немаат можност да се одбранат од лагите. мвро-вмро во „полн сјај“.

Како прво, министерка која беше разрешена поради непочитување на заклетва, Устав, закони, Преспански договор кој е ратификуван во Собранието и е Закон а веќе и дел од Уставот – сакаа да ја врамат жртва, поради тоа што е жена и Еврејка.

За третманот кон жените на луѓето што им се мешаа во правото на раѓање, излишно е да зборуваме. Да не знае човек што е поапсурно, нивниот „феминизам“ или, тоа што идеолошките наследници на Ванчо Михајлов и оние што ги дочекаа “ослободителите“ и се вклучија во режимот на Цар Борис и погромот на македонските Евреи (а подоцна и во пљачкосувањето на нивните напуштени домови), се прогласија за заштитници на Евреите, за антифашисти.

Замислете. Редеа имиња на партизани Евреи, во чиј прогон и убиства учествувале контраши на ВМРО! А, кој ни го донесе Ванчо и се слика со него во музеј? Кој слави ликови што биле со фашизмот и „ослободителите“ во 2 светска војна и го помагале Холокаустот? Чии партиски ѕвезди се луѓе што бараа „гасни комори за Шиптари“? Чии симпатизери врескаат „чиста Македонија“? Кој ги сквернави редовно еврејските гробишта во Битола? Чие раководство прогласи „десоросоизација“ и преку Сорос и омразата кон „мрачните сили’, „ционистите“, „еврејските банкари“ итн.  итн.  хушкаше антисемитизам?

И сега одеднаш, лаги за антисемитски напади, кои што сами ги создадоа, преку манипулација, вадење од контекст и додавање непостоечки зборови на изјави на луѓе.

За тие манипулации пишуваа неколку редакции и проверувачи на факти, но фактите се разбира, не ги интересираат оние што намерно лажат, дури од собраниска говорница, и кога се фатени во лага. Примери такви има постојано, а имаше и вчера, од Милошоски, па се до последниот говорник.

А во полн сјај цела вечер и утрово беше вклучена и целата пропагандна машинерија, како во времето на Грујо, Мартин и Гоца. Не само онаа која отворено ја поддржува оваа криминална структура, туку и оние што „не се бавеа со политика“, или, и тогаш и сега, врескаат против „антисемитизмот“ на критичарите на мвро-вмро, а не можат да ја видат секојдневната, жестока омраза кон десетици луѓе и долгогодишниот антисемитизам на нивните шефови.

Земете го за пример „професорот“ Апасиев, чии зборови исто беа цитирани од пратениците на мвро-вмро вчера од говорница. Само, во цитатот беше прескокнат зборот „Сороспии“. Оти не иде баш со борбата против „антисемитизам“, нели?

Навистина човек да ја жали Мизрахи. Не поради разрешувањето, кое го заслужи со нејзиниот однос, особено со ставот дека таа е спремна континуирано да крши закони. Јас сочувствувам со неа токму како жена, и како Еврејка. Поради грубата злоупотреба што и ја направија токму од нејзината партија.

Преку нејзин грб ја биеја „битката за името“, а како попчиња гласаа за Северна Македонија во НАТО. Цела деценија и повеќе ги газеа правата на жените, хушкаа жесток антисемитизам, а преку неа сакаат да се проперат за тоа. А башка, се уште ги слават фашистите од ВМРО кои беа на страна на „ослободителите“ кои учествуваа во Холокаустот на македонските Евреи.

И сега, откога минаа двете минути слава за Евреите во мвро-вмро? Пак ли да ќе ви дојдат 10 години за Хитлер? А, лицемери?


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Како се препознаваат лажни патриот(к)и?

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да бидеш Македонец е ништо, да постоиш е нешто друго!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk