Со вкупно 73 гласови „за“, Собранието денеска го донесе Законот за изменување и дополнување на Советот на јавни обвинители.
Претходно, во рамки на 135. седница беше донесен и Законот за јавно обвинителство.
Собранието го донесе и Законот за одбрана, со 80 гласови „За“.
Пратеничката Нола Исмајлоска – Старова, пред донесувањето на законот, појасни дека попусто се ствара слика за овој закон дека е за промена на името на Армијата. Таа рече дека со тој закон само се приближуваме до стандардите на НАТО.
Б. Богдановска