ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МФ: Одлични резултати на #МојаНаграда, бројот на дневно скенирани сметки удвоен

Во просек, од пуштањето во употреба на МојДДВ апликацијата до 15 декември – почетокот на наградната игра, просечниот број на дневно скенирани сметки изнесувал 266 илјади сметки. По почнувањето на наградната игра, односно од 15 декември до 12 февруари дневниот просек се удвојува и изнесува 518 илјади сметки. Бројот на дневно скенирани сметки продолжува да расте и во првата половина од февруари и изнесува над 600.000 во просек дневно.

February 16, 2020 13:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Првите два месеца од приредувањето, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда дава одлични резултати. Доделени се 640 награди во вкупен износ од 9,1 милиони денари. Во играта учествуваат 190 илјади корисници, а дневниот просек на скенирани сметки пред и после почетокот на #МојаНаграда е удвоен, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

Во просек, од пуштањето во употреба на МојДДВ апликацијата до 15 декември – почетокот на наградната игра, просечниот број на дневно скенирани сметки изнесувал 266 илјади сметки. По почнувањето на наградната игра, односно од 15 декември до 12 февруари дневниот просек се удвојува и изнесува 518 илјади сметки. Бројот на дневно скенирани сметки продолжува да расте и во првата половина од февруари и изнесува над 600.000 во просек дневно.

Според Министерството, дури третина од корисниците на #МојаНаграда во периодот од 15 декември до 15 февруари скенирале меѓу 101 и 200 сметки, додека околу 20 отсто скенирале од 201 до 4000 сметки.

-Ако пред наградната игра наплатениот ДДВ од скенирани сметки изнесувал 14,3 милиони денари дневно, сега тој е зголемен на 25,3 милиони денари дневно, или за раст од 77 отсто. Во текот на овие два месеци доделени се 610 дневни награди и тоа 244 награди од по 1.000 денари, 183 награди од по 2.000 и 183 награди од по 3.000 денари. Доделени се 30 награди од по 100.000 денари. До крајот на играта остануваат да се доделат уште 3.212 награди, од кои и две премии од по 3.000.000 денари. Првата премија ќе се извлекува на 18 март, наведува МФ.

Потсетува и дека министерката за финансии Нина Ангеловска, во повеќе наврати има посочено дека #МојаНаграда e надградување на успешната мерка МојДДВ за сузбивање на сивата економија и поттикнување на граѓаните да земаат фискална сметка.

Next Post

Кирацовски: Се изгласа Законот за ЈО - последната алка во борба против организираниот криминал

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Кој е Зохран Мамдани – новиот градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk