По распуштањето на Собранието, спикерот Талат Џафери, на прес-конференција рече дека по грешка најавил гласање на Законот за совет на јавни обвинители со Бадинтерово мнозинство.
„Факт е дека како дел од моето мислење воден дека два закони претходно беа изгласани со Бадинтер, јас укажав пратениците да се подготват да гласаат според бадентеровиот ринцип. Но кога го гледав официјалното сценарио сватив дека сум во грешка. Тоа е моја грешка, но од неа не произлегоа последици. Законот е изгласан без Бадинтер, а така е впрочем и според Уставот. Основниот закон е донесен без Бадентер и доплнувањата се носат без Бадинтер. Тоа може да се потврди и со листингот на гласање. Да, јас згрешив. Мислам дека не е карј на светот дека згрешив. Во три години и јас имам право да згрешам“, рече Џафери.
Џафери потенцира дека овој закон не се носи со Бадинтерово мнозинство, па така ниту измените на овој закон не се носат со Бадинтер.
Во однос на Законот за јавно обвинителство, спикерот Џафери вели дека е донесен според процедурите, бидејќи имал обврска да го обнови гласањето по бројните реакции на пратениците кои не успеале да гласаат.
„Законот за јавното обвинителство е донесен во соодветна процедура. Доколку се утврди дека пратениците се внатре, а поради системот за гласање не го оствариле своето право да се изјаснат, моја одговорност е да овозможам повторно да се гласаа. Затоа се повтори гласањето“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.
И.Т.З.