Пред седиштето на НАТО во Брисел во тек се подготовки за истакнување на симболот на Северна Македонија која наскоро и официјално ќе биде промоцирана во 30-та земја членка на Алијансата. Јарболот е поставен, на ред е гравирање на името на постаментот и, секако, развиорењето на македонското знаме кое ќе биде прво во круг, веднаш до знамето на САД, пренесе Нова ТВ.
https://www.facebook.com/andrej.zernovski/videos/3110528545644061/?t=0
Фотографија и видео од подготовките во НАТО дворот на социјалните мрежи сподели Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи.
„Може ли да се биде рамнодушен на оваа денешна сцена пред седиштето на НАТО? – Во моментов се одвиваат активности за поставување на македонското знаме и другите прогодни обележја за новата, 30-та земја членка на Северноатланскиот сојуз. Сонот на сите претходни и сегашни генерации станува реалност, државата добива стабилна и просперитетна иднина. Успеавме“, напиша Жерновски на својот Фејсбук профил.
Извор: Нова ТВ




