ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Калеска – Ванчева: Законот за ЈО гарантира независен правосуден систем и ги победи криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните преку маршот за правда уште еднаш им порачаа на правосудните органи дека тие се на потег да ја обезбедат правната држава и да ги завршат сите започнати судски постапки. Ние како владејачко мнозинство им овозможивме независно функционирање и услови за објективно и професионално постапување.

February 18, 2020 14:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„СДСМ заедно со граѓаните продолжува со заложбата за неселективна правда и правна држава. Основата за тоа е поставена од мнозинството пратеници преку изгласаниот Закон за јавно обвинителство. Законот гарантира независен правосуден систем, но и одговорност и казнивост за сите што прекршиле закон. Тоа е една од основите за напредок на државата кон Европската Унија.

Граѓаните преку маршот за правда уште еднаш им порачаа на правосудните органи дека тие се на потег да ја обезбедат правната држава и да ги завршат сите започнати судски постапки. Ние како владејачко мнозинство им овозможивме независно функционирање и услови за објективно и професионално постапување.

Oгромното мнозинство во парламентот постигна историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Нема амнестија за партискиот криминал и нема спас за Никола Груевски“, рече Снежана Калеска- Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

„Не успеа намерата на ВМРО ДПМНЕ да ја загрози правдата и европската иднина на државата. ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски останаа изолирани во заштита на криминалот и сами во дејствувањето против ЕУ и НАТО.

Граѓаните со право се незадоволни од состојбата во судството, исто како и ние во СДСМ што сме незадоволни од испорачаното во делот на правдата. Ние како политичка партија го завршивме нашиот дел од задачата- го донесовме Законот за јавно обвинителство, Законот за Совет на јавни обвинители, Законот за судови и сега е време правосудните органи да ја воспостават правдата.

Со законските решенија му овозможуваме на обвинителскиот систем да работи ослободен од било какви политички влијанија. Затоа тие се сега на ред да преземат одговорност.

Остануваме доследни на тоа дека со Законот за јавно обвинителство и со другите закони, се гарантира судски епилог на сите започнати судски предмети, но и случаи отворени од СЈО, кои ќе се водат врз основа на фер и транспарентна постапка.

Зад ова законско решение застанаа и нашите партнери од САД и Европската унија и ние сме им благодарни за тоа што го препознаа напредокот на државата и што деновиве јавно ни оддаваат признание за сработеното со нагласување на неопходноста за добивање датум за преговори со ЕУ.

СДСМ, согласно стратешките определби за независно судство и демократско владеење, нема да дозволи кој било, а најмалку Мицкоски да си поигрува со европската иднина.

Ние тргнавме по правиот пат кон независно судство и кон Европа и нема враќање назад“, изјави Снежана Калеска- Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Европратеници бараат „значајни акции“ од ЕУ како одговор на иницијативата за израелска анексија на Западниот Брег

July 29, 2025
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

МОН објави повици за кариерно напредување на наставниците и првпат на стручните соработници

July 29, 2025

До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја

July 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори на хоризонтот: ВМРО-ДПМНЕ без кандидати во албанските општини; партиите на терен пред официјалниот старт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Половина милијарда за ветер(ници) во Штип – 100 милиони прашалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За неопходноста на македонскиот народ од северномакедонски национализам и негов(и) политички носител(и)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандалозни измени на Законот за полиција: Полицаец осуден за кривични дела нема да се брка од работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ: Нема да воведуваме санкции против Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk