Тешка несреќа се случи на прочуената трка на НАСКАР „Дејтона 500“ која се возеќе во понеделникот вечерта во која за среќа немаше мртви.
Имено, возачот Рајан Њумен во последиот круг со брзина од 300 километри на час, удри во заштитната ограда, по што автомобилот се запали. Тој, за да не дозволи на соперникот да го помине, му го попречуваше патот, за потоа автомобилот да се изврти странично и да удри во заштитната ограда. За несреќата да биде поголема, на него налета еден од учесниците во трката, по што автомобилот на Њумен летна во воздух.
Од НАСКАР наведуваат дека возачот е тешко повреден, но дека неговиот живот не е загрозен.
Несреќата ја искористи Дени Хамлин, кој триумфираше на овогодинешната „Дејтона 500“.