ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФИТР го продолжи рокот за аплицирање на јавниот повик за „старт-ап“ и „спин-оф“ компании

Јавниот повик е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од шест години), кои имаат иновативна идеја во фаза на „потврден концепт“ со реален план за комерцијализација.

February 21, 2020 09:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за дваесет дена, односно до 15 март, го продолжи рокот за аплицирање за јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ заради зголемениот интерес, особено од студенти и млади од целата држава.

Како што информираат од ФИТР, одлуката следи откако до Фондот биле испратени повеќе писмени барања од студенти и млади од целата држава за продолжување на рокот за аплицирање.

Јавниот повик е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од шест години), кои имаат иновативна идеја во фаза на „потврден концепт“ со реален план за комерцијализација.

– За интересот во однос на овој инструмент за финансиска поддршка на Фондот, зборува и фактот дека досега се превземени над 750 апликациски пакети. Преку овој инструмент се обезбедува финансиска поддршка за активности на истражување и развој на „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија и имплементирање на иновативни решенија, како и поддршка на претпријатија кои имаат висок потенцијал за раст. Целта на овој повик, меѓу другото е што повеќе млади луѓе своите идеи да ги преточат во бизнис, да отворат свои компании и да аплицираат, порачуваат од ФИТР.

Вкупниот буџет за повикот изнесува 1,5 милиони евра, а преку овој инструмент е предвидено кофинансирање од ФИТР најмногу до 85 отсто од вкупниот буџет за проектот, односно максимален износ од 30.000 евра. Преостанатите 15 отсто од средствата треба да бидат обезбедени од компаниите. 

Во периодот до истекување на рокот за аплицирање, за домашните компании ФИТР обезбедува користење на бесплатна советодавна поддршка и техничка помош. Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање може да се добијат на http://www.fitr.mk/startapuvaj-2/.

Next Post

(ВИДЕО) Владо Јаневски ве кани на фестивалот „Мозаик“ во СЦ „Борис Трајковски“

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk