Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека секој граѓанин што цени дека треба да ја поддржи неговата партија, може и да ја финансира, а не би имал ништо против тоа да го направат и Заев, Мијалков, Камчев или Груевски.
– Имотот на ВМРО-ДПМНЕ е под хипотека, а обврските на време се сервисираат, рече лидерот на партијата Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за долгот на партијата, но и дали би прифатиле донации од Камчев или Мијалков на пример.
-Партијата има на нејзината веб – страница жиро сметка и секој граѓаниин што цени дека треба да ја подржи ВМРО може да ја финансира. Да, апсолутно од секој граѓанин… од секој… од Заев, Камчев, Мијалков, Никола Груевски, вие, кој било што цени и сака да помогне е добродојден, одговори Мицкоски.
Изборната кампања на партијата ќе биде финансирана од членарина, од донации, но и со комерцијален кредит што партијата ќе го подигне од некоја од банките.