Европската фудбалска федерација УЕФА го следи развојот на ситуацијата со епидемијата на корона вирусот.
– Во фаза на чекање сме. Го следиме развојот на ситуацијата, Фудбалот мора да ги следи одлуките на владите на поединечни држави. Се трудиме да нема одложување, а нашиот спортски пат ќе биде запрен, односно ЕУРО 2020 ќе биде откажан само ако ситуацијата се влоши – рече Михаел Ува, потпретседателот на УЕФА, за „Раи Радио1 Спорт“.
Инаку, Еуро 2020, треба да се одигра во 12 града: Лондон, Минхен, Рим, Баку, Санкт Петерсбург, Копенхаген, Амстердам, Букурешт, Глазгов, Даблин, Билбао и Будимпешта.
Почетокот на завршниот турнир на најдобрите европски селекции е закажан за 12 јуни во Рим, а финалето за 12 јули во Лондон.