ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Заложничка криза со среќен крај?

Да повели ВМРО предизборно да го руши Заев и СДСМ од власт на која било друга тема што ќе посака – секако, со исклучок и на дребулијата за евро-атлантските интеграции – ама „дуетот“ Милошоски-Вангеловски, со асортиманот на бек-вокали како поддршка од првата клупа вмровски пратеници во Собранието и со десетина клучни членови на партијата, кои сите, од ред, се на обвинителни клупи во разни кривично-правни процеси, не може да бидат каква било алтернатива за делење правда во Македонија.

February 25, 2020 12:31
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Предизборието е време во кое ќе се изнагледаме и изнаслушаме сè и сешто, му доаѓа и како прифатливо и најголемите глупости да добијат право на граѓанство. Но, некаква нормалност, сепак, мора да се сочува.

На пример, во графата „најелементарна нормалност“ би морало да спаѓа сеќавањето за тоа што му направи ВМРО-ДПМНЕ на правосудниот систем во Македонија: НЕ две и пол години од нивниот пад од власта, ТУКУ во наредните 25 години ќе мора да се справуваме со пост-трауматскиот општествен стрес од девастирањето на судскиот систем што екипата на Груевски го остави зад себе. Тие злосторства против сопствениот народ се толку добро документирани, што се влезени како студии на случај во меѓународните практики за анализа и рано откривање на ракот на правните „дојки“ во други заробени држави.

Во таа смисла, мора да се чини како голема морално-политичка перверзија опозицијата денеска да протестира пред македонските судови и обвинителства за состојбата со испорачувањето на правдата во државава. Тоа му е како да прифатите за нормално дека осудени педофили можат да поминуваат саботни претпладниња на спортски игралишта на основни училишта, за да протестираат дека не им е дозволен контакт со децата!

Да повели ВМРО предизборно да го руши Заев и СДСМ од власт на која било друга тема што ќе посака – секако, со исклучок и на дребулијата за евро-атлантските интеграции – ама „дуетот“ Милошоски-Вангеловски, со асортиманот на бек-вокали како поддршка од првата клупа вмровски пратеници во Собранието и со десетина клучни членови на партијата, кои сите, од ред, се на обвинителни клупи во разни кривично-правни процеси, не може да бидат каква било алтернатива за делење правда во Македонија.

Таа нафта нема да ја пиеме.

Па, сепак, импресивна е и самата идеја на опозицијата дека со продолженото малтретирање на правосудството, како главна предизборна тема, може да се врати на власт во државата. Очигледно, ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги третира своите илјадници гласачи како заложници на проблемите на врхушката во партијата, им има ставено пиштол на слепоочница и се заканува дека ќе изврши масовна партиска егзекуција доколку не им се удоволи на радикалните анти-правни барања. Бидејќи пропаднаа сите обиди за блокирање на правосудните закони со кои се надеваа на своја „нормативна“ амнестија; бидејќи пропаднаа и обидите, преку компромитација на специјалното и „обичното“ обвинителство да бидат „помилувани“ од обвиненијата; бидејќи пропаднаа и скапите експертски и пропагандни обиди за девалвирање на испораката на правдата – сега, немаат друго, на овие „бомбаши-самоубијци“ само победата на избори им е последниот спас од судските процеси. По цена со себе „во воздух“ да ја кренат и сопствената партија!

На крајот така ќе мора и да биде. Бидејќи одбивањето, со најдлабока индигнација, екипата на Груевски да ни ја проповеда правната држава во Македонија нема врска со тоа кој што мисли за Заев и квалитетот на сдсмовската власт и дали тој или Мицкоски ќе биде подобар на некој телевизиски дуел. Ова е многу НАД меѓупартиските изборни препукувања меѓу власта и опозицијата, со тоа се одредува колективната перспектива на сите нас, наспроти персоналните правни судбини на двете дузини водечки кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што тргнале, на опозицијата навистина ќе ѝ успее самоубиствената патриотска мисија на избори да извади сè што е нормално во државава на гласање! Тоа ни на СДСМ не би му пошло од рака. Браво, конечно нешто паметно и за општа корист од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Сабота ден за женско финале на Вимблдон: Анисимова против Швјонтек

July 12, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

July 12, 2025
Фото: ВИ

Трамп воведе царини за ЕУ од 30 проценти

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk