Молекуларниот биолог Игор Штагљар, еден од најугледните хрватски научници, кој работи на Универзитетот во Торонто, на Фејсбук објави статус за корона вирусот, во кој објаснува колку тој вирус е всушност опасен и заразен.
Неговата објава ја пренесуваме во целост:
„Денеска Светската здравствена организација (СЗО) објави дека постојат 79.300 вкупно заразени со Ковид – 19 . Од тие поголемиот дел, 77.000 во Кина, од што повеќето во Вухан.
Вухан има 11 милиони жители. Да претпоставиме дека од горе наведените 77.000 заразени сите се во Вухан.
77,000/11,000,000 = 0,007 x 100 = 0,7
Значи 0,7% жители на Вухан се заразени, а 99,3% жители од тој град НЕМААТ вирус.Зборувам за градот од каде почна епидемијата!
Исто така, да не заборавиме дека повеќе од 10.000 луѓе во меѓувреме го преболеа вирусот. Значи МОМЕНТАЛНАТА бројка на заболени не е повеќе од 79.300 минус 10.000 ( и минус 2.500 починати), т.е. во моментот има длабоко под 70.000 заразени, а 79.300.
Но, што е со смртноста од корона вирусот?
Ако сте постари од 80 години, а заразени со Цовид-19 вирусот, шансите да умрете од него се 14,8%. Што повторно имплицира дека 85,2% луѓе ќе преживеат.
Ак осте стари меѓу 50-60 години, имате 1,3% шанси да умрете ако сте, не дај Боже, заразени со вирусот.
За помлади од 40 години, шансите се 0,2%. значи 99,8% млади под 40 години кои ќе се заразат, ќе оздрават.
Но, овде е цаката: тоа е само ако се инфицирате со корона вирусот! Шансата да се заразите, врз основа на тромесечната епидемија на изворот на заразата, во Вухан, е само 0.7%. Значи 99.3% е шансата вирусот никогаш да не допре до Вас.
Од тие 0,7% дополнително одат процентите, па така ако имате 85 години, имате 0.7% шанси воопшто да го фатите вирусот, па ако и го добиете имате уште 14.8% шанси да умрете од него, односно вкупно 0.103% се шансите да умрете од тој вирус. Тоа значи дека шансата дека нема да умрете од тој вирус се дури 99.897% !
За еден 45-годишен човек, тие две шанси помножени изнесуваат 0.0028% дека корона вирусот ќе го убие. А 99.9972 дека нема.
За еден 35-годишник веројатноста дека ќе умре од овој вирус е 0.0014%. А дека нема да умре е 99.9986%.
Пазете, тоа е 0.7% шанса воопшто да го добиете и 0.2% да умрете од него, ако сте под 40 години старост.
Понатаму, запрашајте се попатно зошто толку малку се спомнува дека повеќе од 10.000 Кинези ОЗДРАВЕЛЕ од тој вирус: Кому тоа не му е интересна вест и зошто? Кој живее од тоа вие да ги читате нивните написи и да ги купувате нивните весници?
Покрај тоа, во Кина има 1.386.000.000 жители. Заразени се 77.000 на 1,4 милијарди Кинези што е само 0.0055% од сите Кинези, Тоа значи дека во земјата од каде вирусот доаѓа, 99.9945% од населението НЕМА вирус и дека, ако наредите 10.000 Кинези, 5 веројатно ќе го имаат вирусот, а 9.995 го немаат. Ете колку вирусот е заразен.
Поентата на целата приказна:
ДА, ПОСТОИ ОПАСНОСТ, НО ПОТПОЛНО Е НЕПОТРЕБНО ДА СЕ ПРАВИ ВАКВА ПАНИКА! ЗАТОА, АПЕЛ ДО МЕДИУМИТЕ – ДАЈТЕ, ВЕ МОЛАМ, МАЛКУ ПОТСОБЕРЕТЕ СЕ1 ЈАСНО МИ Е ДЕКА МОРА ДА ГИ ПРОДАВАТЕ ВАШИТЕ ВЕСНИЦИ, ДА ЈА ЗГОЛЕМИТЕ ГЛЕДАНОСТА ИТН., НО ОВА Е ПРЕМНОГУ…“, напиша Штагљар на Фејсбук.