ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Стартуваше проектот „Македонија без кал“, ќе се санираат 450 километри локални улици и патишта

Првиот тендер од проектот со кој е предвидена санација на патишта во должина од 23 километри во вредност од пет милиони евра е веќе доставен на одобрување во банката.

March 2, 2020 10:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стартуваше имплементацијата на проектот „Македонија без кал“ со кој ќе се санираат локални патишта  и улици во должина од 450 километри во 80 општини и Град Скопје, со 70 милиони евра кредит од Светска банка. Ќе се спроведат и обуки за жени превозници и преквалификација на лица поврзани со транспорт.

Градоначалниците и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска во Владата потпишаа Меморандум за соработка со што стартуваше проектот, што треба да ја подобри патната поврзаност, безбедноста на сообраќајот и локалниот и државниот економски развој.

Првиот тендер од проектот со кој е предвидена санација на патишта во должина од 23 километри во вредност од пет милиони евра е веќе доставен на одобрување во банката.

Висината на средствата е различна за секоја општина, а се утврдува според бројот на население и на населени места, површината и  регистрираните моторни возила. На располагање им се од 500 илјади до два милиона евра.

– Секоја општина до Министерството за транспорт и врски доставува готови ревидирани проекти кои се проверуваат и потоа се доставува до банката. За прифатливите проекти Министерството спроведува јавни набавки за градежни работи и надзор. Првиот тендер е доставен до банката на одобрување и штом даде потврда ќе биде објавен. Во таа фаза ќе бидат опфатени голем број општини и моите очекувања се дека тоа ќе се случи многу бргу. Се работи за санација на улици во овие општиуни во вкупна должина од 23 километри и инвестиција од пет милиони евра, рече Сугарески.

Како што истакна, улогата на општините е од голема важност бидејќи од нив се очекува да подготват и достават квалитетна проектна докуемнтација до Министерството за да може навреме да се искористат  парите. Секоја општина сама ги утврдува приоритетните улици и патишта за кои сака финансирање.

 

– Апелирам до сите градоначалници, иако најголемиот дел имат доставено, да подготват плус квалитетни  проекти. Посебен акцент ќе се стави и на јакнење на капацитетите на општинската амдинистрација за подобрување на патната инфраструктура, времено вработување, учество во обуки и преквалификација на жени, меѓу кои и Ромки, за работни активности поврзни со транспорт и градежните работи за подобрување на локалната патна инфраструктура и превоз, информира Сугарески.

Извршната директорка на Заедницата на единиците на локалната самоуправа Душица Перишиќ истакна дека проектот за санација на локалните патишта заедно со дополнителниот проект за изградба на водовод и канализации ситуацијата во општните ќе се доведе на приближно добро ниво бидејќи, потенцираше, факт е дека општините во нашата земја се најсиромашни во Европа. – Ова е значајна помош од Владата до општините и се надевам дека реалзиацијата ќе биде брза, рече Перишиќ.

Како што нагласи премиерот Оливер Спасовски,  почнува процес на голема сезона на изградба и ревитализација на локалната патна инфраструктура, односно  практична реализација на ветениот проект „Македонија без кал“.

– Владата презема активности за подобри услови и квалитет на живот за сите граѓани без разлика на тоа кој кај живеат. Во изминатите 2,5 години покажа дека се грижи за граѓаните, како и цврста определва да ја поддржи локалната заедница. Времињата на стрипор фасади што денеска се рушат и безмислени објекти што се градеа до пред неколку години се зад нас. Оваа Влада направи пресврт во приоритеите и преку овој проект се овозможува зголема мобилност на граѓаните, безбедноста на патиштата, преку санирање на црни точки, поставување хоризонтална и вертикална сигнализација, осветлување, рече Спасовски.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска истакна дека квалитетната инфраструктура е многу значајна за економски раст и равзј еедна од клучните барања како на граѓаните така и на бизнисот. Обезбедуваме побрз и побезбеден транспорт,  санација на постојната локална инфраструктура, особено во деловите што беа заборавени, наведе Царовска.

 

Министерката за финансии Нина Ангеловска истакна дека средствата од заемот се обезбедени под исклучително поволни услови од СБ, рок на отплата од 15 години, грејс период од пет години и камаптна стапка од шестмесечен еурибор.

– Секој вложен денар во инфаструктурата се враќа четирикратно повеќе во економијата. Развојот на локалната инфраструктура е значајна за развој на локалната  економија, рече Ангеловска.

Проектот е дел од четиригодишната рамка за соработка со СБ со вкупна вредност од 420 милиони евра.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, економијата на Србија најмногу успори во регионот

July 26, 2025

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

July 26, 2025
Скриншот

Норис ја обезбеди пол-позицијата на белгиското Гран при

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk