ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Соботка: Северна Македонија веќе е европска земја, се надеваме на зелено светло кон крајот на месецот

Соботка и Џафери заеднички констатирале дека стабилен, демократски и просперитетен Балкан е во интерес на самата Европска Унија, а европската перспектива на регионот е главен двигател на реформите во земјите аспиранти за членство.

March 5, 2020 11:37
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија со своето однесување веќе претставува европска земја и затоа се надеваме дека кон крајот на март ќе добие зелено светло за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ. Ова го изјави денеска претседателот на австрискиот Национален совет, Волфганг Соботка на заедничката прес-конференција со собранискиот спикер Талат Џафери.

-Австрија отсекогаш ја поддржувала Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и ќе продолжи да ја нуди таа силна и безрезервна поддршка во рамки на структурите на ЕУ. Северна Македонина изминатиот период направи значителен напредок, особено во носењето на важни закони, како Законот за јавно обвинителство, истакна Соботка.

Спикерот на австрискиот Долен дом истакна дека земјава придонесување за намалување на конфликтите во регионот и како голем напредок во таа смисла го оцени решавањето на спорот за името со Грција.

Џафери изрази благодарност за поддршката од Австрија во процесот на пристапување на земјава во ЕУ и добивање на датум за почеток на преговорите.

Соботка и Џафери заеднички констатирале дека стабилен, демократски и просперитетен Балкан е во интерес на самата Европска Унија, а европската перспектива на регионот е главен двигател на реформите во земјите аспиранти за членство.

Џафери го информирал Соботка за актуелните случувања во земјата, дека Собранието во моментов е распуштено затоа што по октомвриската одлука на Европскиот совет за недоделување датум за преговори, политичките лидери ги повикале граѓаните на предвремени парламентарни избори за да се изјаснат за натамошниот пат на земјата.

Претседателот на Собранието кажа дека се прават подготовки изборите на 12 април да бидат транспарентни, фер и демократски, во согласност со меѓународните стандарди.

Посочи дека земјата останува фокусирана на статешката цел – полноправно членство во ЕУ, и потсети оти во последните денови на овој парламентарен состав беа донесени значајни законски решенија кои  придонесоа во позитивен извештај од ЕК и обновена препорака за старт на преговорите.

– Се разбира дека ни е неопходна јасна европска перспектива, јасна временска рамка и методологија и во таа смисла многу е важно што новата методологија одговори на задоволителен начин на барањата на земјите – членки за поефикасен, подинамичен и покредибилен процес во проширување, истакна Талат Џафери.

 

Соботка посочи дека на средбата со Џафери изутринава разговарале за добрата билатерална сорабка меѓу двата парламента, при што изрази надеж дека таа ќе продолжи да се развива и со следниот состав на Собранието. Додаде дека се дискутирало и за фатктот што Северна Македонија, заедно со Бугарија го носи претседателството на Берлинскиот процес. Нагласи дека прв пат за време на Самитот во Познањ е одлучено и парламентите да бидат вклучени во спроведувањето на Берлинскиот процес.

Двајцата соговорници разогварале и за новиот бран бегалци на турско-грчката граница, при што Соботка истакна дека Австрија го поддржала зајакнувањето на капацитетите на Фронтекс и одвоиле еден милион евра преку УНХЦР за бегалските кампови во Грција.

-Важно е да се даде голема поддршка и за останатите земји од Западен Балкан, кои многу помагаат во ова прашање. Ако е потребно ќе дадеме поддршка за контингентите кои се на граница, додаде Соботка.

Во рамки на посетата на земјава, Соботка ќе се сретне и со претставници од бизнис-заедницата: Штефан Петер од ЕВН Македонија АД, Глигор Бишев и Алвин Аличевиќ од Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Соботка предвидено е да оствари одвоени средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.  

Next Post

Зголемените површини со пролетна зелка може да ја намалат откупната цена

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk