ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Засилени мерки за заштита од коронавирусот на аеродромите во Скопје и Охрид

Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки што италијанските власти ги најавија за северниот регион, се одлучивме за уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво што значи на патниците со авионите од „Визер“ од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен локатор – карта на што се согласи авиопревозникот, што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците, рече Филипче

March 5, 2020 09:35
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Патниците од Милано и од Венеција кои пристигнуваат на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе пополнуваат прашалник за коронавирус, што е уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво бидејќи има сè повеќе заболени во Европа.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека бројот на заразени во европскиот регион е 3.365 пациенти и дека нови земји во кои е проширен вирусот се Андора, Летонија и Португалија.

– Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки што италијанските власти ги најавија за северниот регион, се одлучивме за уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво што значи на патниците со авионите од „Визер“ од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен локатор – карта на што се согласи авиопревозникот, што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците, рече Филипче.

Патниците во прашалниците ќе треба да остават податоци на која адреса престојуваат, за доколку после одреден  број денови се јави некој патник со симптоми да може лесно да се најдат сопатниците.

Вчера попладне, од Министерството за здравство информираа дека уште едно лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е тестирано на корона вирус и дека резултатот е негативен.

Единствената пациентка која што е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести е добра и нејзината здравствена состојба се повеќе се подобрува.

Министерот упати апел до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот и доколку не е неопходно да не се патува во ризичните региони, а сите кои се враќаат во земјава да бидат совесни и да се придружуваат до препораките за заштита.

Next Post

Ново рочиште за „Ласкарци”

НАЈНОВО

Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

November 6, 2025

САД предложија нацрт-резолуција во ОН за мировниот план на Трамп во Газа

November 6, 2025

Протест пред Парламентот во Тирана: Граѓаните бараат да не се изгласа контроверзниот Предлог-закон за родова еднаквост

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk