ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Совети за родителите чии деца се склони кон тепачки

Децата ги имитираат возрасните, па ако родителот реагира насилно на нивните бељи, најверојатно детето ќе го препознае тој начин на однесување како нормална реакција кога ќе се вознемири. Значи – останете смирени, за и тоа да научи дека треба така да се однесува

March 7, 2020 09:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако од детската соба или во градинката се чуе: „Тоа е мое! Остави!”, тогаш е вистинска можност децата да почнат да учат како изгледа правилната комуникација, а и кое однесување е недозволиво.

Порталот „Пјур Уау“ објави неколку совети за тоа како родителите да се справат со тоа.

Останете смирени

Децата ги имитираат возрасните, па ако родителот реагира насилно на нивните бељи, најверојатно детето ќе го препознае тој начин на однесување како нормална реакција кога ќе се вознемири. Значи – останете смирени, за и тоа да научи дека треба така да се однесува.

Се справувате со дете

Децата прибегнуваат кон тепање оти не знаат како да се справат со сопствената фрустрација. Тие, според стручните лица, сè уште не можат, не се доволно зрели да се изразат вербално и така да се поврзат со родителот. Ова е уште една причина возрасниот да му се приближи смирено, без викање, без ќотек, без нервоза.

„Мантра“

Штом вашето дете се смири, повторете ги клучните зборови што ја смириле состојбата и коишто ги одделуваат чувствата од постапките. Можеби најсоодветната „мантра“: „Во ред е да се лутиш, но не е во ред да ги повредуваш луѓето“… Или пак: „Ние не се тепаме. Никогаш не би те удрил и не би ме удрил, така?“ Но, најважно е она што го правите, а не она што го зборувате. Во таа смисла, укажете му на малечкото дека и неговите чувства се важни, истовремено посочувајќи му кое однесување е (не)дозволиво.

Не служете се со казни

Казнувањето на детето склоно кон тепачки, според стручните лица, нема да го спречи да го повтори тоа. Тоа значи дека на тој начин вие само ги зголемувате неговите стравови и фрустрации. За да се искорени ваквото однесување, неопходно е родителот да се посвети на чувствата што го тераат детето да се тепа. Обидете се да ги пронајдете ситуациите што предизвикуваат несакано однесување. Откако ќе ги разберете околностите, подобро ќе може заедно да ги премостите проблемите.

Наместо „в ќош“, останете заедно

Испраќањето „в ќош“ најчесто е контрапродуктивно. Наместо дисциплина, тоа води во еден вид изолација, „самотија“, и до поголем страв, а со тоа и кон поголема агресија. Наместо тоа, стручните лица препорачуваат родителот да остане до своето дете и така да ја „олади“ зовриената состојба. Целта е да го натерате детето да се чувствува безбедно, бидејќи само тогаш тоа ќе може да сподели со вас зошто има желба да се тепа.

Перница за удирање

Буквално дајте му на вашето дете перница што ќе му служи за удирање. Тоа едноставно мора да се ослободи, да го исфрли гневот, па макар и удирајќи со нозете во подот. Дури и кога детето ќе се смири, може да побарате од него да ви покаже што ќе направи следниот пат кога ќе посака да се тепа. Психолозите сметаат дека така тоа ќе запомни што треба да прави кога ќе се налути.

Next Post

Облачно со врнежи од дожд

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk