ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед

Како што соопштија од Министерството за финансии, од агенцијата посочуваат дека македонската економија продолжила да расте во текот на 2019 година, како и дека реализацијата на економскиот раст ги надминала нивните првични очекувања од три отсто

March 7, 2020 20:48
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кредитната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилен изглед.

Како што соопштија од Министерството за финансии, од агенцијата посочуваат дека македонската економија продолжила да расте во текот на 2019 година, како и дека реализацијата на економскиот раст ги надминала нивните првични очекувања од три отсто.

-Она што е позитивно е дека економскиот раст е широко базиран, вклучувајќи го и растот на земјоделството, индустријата, градежништвото, во интервал од три отсто до пет отсто. Потрошувачката и извозот исто така бележат раст, додека инвестициите започнале да растат по период од послаба реализација, наведуваат од Агенцијата.

Агенцијата очекува растот да остане широко базиран и на производствената и на расходната страна и посочуваат дека е важен моментот дека не се очекува забавување во економиите кај главните трговски партнери на земјава. Македонскиот извоз, наведуваат, ќе остане фокусиран на Европа, главно на Германија.

Според Стандард и Пурс, најверојатно ситуацијата со корона вирусот нема директно да влијае на македонската економија, но може да се почуствува посредно преку трговските партнери на земјава, поради проблемите кои ќе се јават во глобалните синџири за набавка.

Агенцијата ги оценува како позитивни напорите на Владата да привлече странски директни инвестиции во зоните, кои континуирано сезголемуваат  годиниве. Ова, како што посочуваат, особено е видливо на извозната страна, која од 2015 година наваму расте со стапки од и над десет отсто.

Во извештајот се посочува и дека агенцијата очекува земјава во следните неколку месеци да ги почне преговорите за членство во Европската унија, стои во соопштението од Министерството за финансии.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Германија засега не планира признавање на „држава Палестина“, туку е фокусирана на решение со две држави

July 25, 2025

Условни казни за сопствениците на депонијата во Визбегово за напад на новинарска екипа

July 25, 2025

Коцевски: Интерпелацијата против мене нема законска основа и воопшто не би смеела да биде поднесена

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk