8 март, ден посветен на хероизмот на жените и нивната борба за подобар свет.
Посветено на 18 жени, југословенки кои биле дел од Интернационалните бригади во Шпанија. Создавањето на интернционалните бригади според мене е највисок цивилизациски чин – кога целиот прогресивен свет се кренал во одбрана на Шпанската република и опасноста од фашизмот, пишува уметникот Зоран Кардула.
За жал фашизмот сè уште е не победен и токму поради тоа ова е мотив повеќе да се потсетиме на хероините кои за жал се заборавени. Да се потсетиме на нивната храброст, пожртвуваност и секако нивниот придонес во борбата против фашизмот. Сите жени биле дел од санитарниот оддел. Нивната желба била со пушка во рака да ја бранат републиката,но според организацијата на самиот отпор на жените им било дозволено да земат учество само во организацијата на санитетските служби. Сите 18 жени ја преживеале шпанската граѓанска војна и кога интернационалните бригади ја напуштиле Шпанија биле сместени во логори во Франција. Подоцна еден дел се приклучиле во силите на отпорот во Франција, Австрија и секако во НОВ во Југославија.
На крај и еден цитат од Борка Демиќ „ Уште еднаш да се родам пак би отишла да се борам за идеалите на мојата младост. Ништо не беше тешко и за ништо не жалам“.
За жал за 6 од нив не успеав да најдам фотографии за да направам илустрации, но се надевам дека ќе успеам да најдам и да ги комплетирам., вели Кардула.
Голема благодарност до @Udruzenje Spanski Borci 1936-1939 кои ми помогнаа со материјали да го направам овој проект
Ј. Ѓ.