ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сериозна состојбата со корона вирусот, да не се патува во Италија

Да не се патува воопшто во Северна Италија заради сериозноста со корона вирусот и да се избегнуваат патувања и во останатите делови на таа држава, а при влез на граничните премини да се кажуваат точни податоци. Лицата кои се вратиле од странство ако се развијат симптоми да не одат на матичен лекар туку да се обратат кај епидемиолозите, а сите да ги почитуваат препораките за одржување лична хигиена.

March 9, 2020 08:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Да не се патува воопшто во Северна Италија заради сериозноста со корона вирусот и да се избегнуваат патувања и во останатите делови на таа држава, а при влез на граничните премини да се кажуваат точни податоци. Лицата кои се вратиле од странство ако се развијат симптоми да не одат на матичен лекар туку да се обратат кај епидемиолозите, а сите да ги почитуваат препораките за одржување лична хигиена.

Покрај овие последни препораки од домашните институции, од Министерството за здравство денеска ќе информираат за евентуални нови мерки за превенција и заштита од натамошно ширење на коронавирусот по состанокот што треба да го одржи Комисијата за заразни болести и Комитетот за следење и информирање за состојбата со Ковид 19, а согласно новата состојба и мерките што ги презеде италијанската Влада со оглед на сериозноста со ширењето на заразата.

Со вкупен број заразени лица кој се зголеми на 7.375, Италија стана втора земја во светот по бројот на починати и заразени од вирусот. Вкупно починаа 366 лица.

Со оглед на таквата состојба, Министерството за надворешни работи синоќа упати препорака да не се патува во регионите и провинциите: Ломбардија, Модена, Парма, Пјаченца, Реџио Емилија, Римини, Пезаро, Урбино, Алесандрија, Асти, Новара, Вербано Кусио Осола, Верчели, Падова, Тревизо и Венеција. На нашите граѓани кои веќе се во Италија, МНР им препорача зголемени мерки на претпазливост во секое време, да ги следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти.

Генералниот конзулат на нашата држава во Венеција во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации, а го одложи фотографирање на нашите граѓани за нови патни исправи.

Поради затворањето на северниот дел на Италија и со цел да се спречи ширењето на коронавирусот авиокомпанијата Визер од вчера ги суспендираше летовите од Скопје и Охрид за Милано, Тревизо и Бергамо. Тие рути нема да ги опслужува до 3 април.  Патниците кои направиле резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време.

Според последните информации од Министерството за здравство, стабилна е здравствената состојба на тројцата наши државјани заразени со коронавирус, по престој во Италија. Двајцата сопружници од Ценатр Жупа заболени од коронавирусот кои се хоспитализирани од петокот на Клиниката за инфективни болести во Скопје и фебрилни состојби се со стабилна здравствена состојба, исто како и првата заболена пацинетка кај која последниот  контролен тест беше негативен, но во текот на денов ќе и биде направен уште еден за да се потврди резулатот.

Поради контакти со заразените сопружници во домашна изолација и под здравствен надзор во земјава засега се наоѓаат околу 40-тина лица. Утре истекува периодот на изолација на сите сопатници кои на 26 февруари пристигнаа со првата заболена пациентка. Тоа е практично 14-тиот ден на кој ќе биде направена темелна евалуација од страна на епидемиолозите, а по што ќе биде прекината или продолжена изолацијата соодветно на секој поединечен случај.

Здравствените власти апелираат сите да кажуваат точни податоци на граничните премини, со оглед дека веќе има  жаришта не само во Северна Италија и расте бројот на заразени во цела Европа,Германија, Шпанија, Франција… Патниците кои се вратиле од странство ако имаат одредени симптоми да не се јавуваат на матичен лекар, туку кај епидемиолозите. Остануваат препораките за спроведување лична хигиена.

Како резултат на зголемениот број на заразени со Ковид 19 во Европа, Владата минатата недела ја продолжи препораката за неодржување јавни собири и за спортски натпревари без публика и таа е во сила до 13 март.

Како што соопшти викендот ресорниот министер Венко Филипче, целосно е подготвен и објектот за изолација во Демир Капија, како дополнителен капацитет на инфективните одделенија во Штип, Велес и во Гостивар.

Next Post

Продолжува судењето за „организаторите на 27 април”

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk