Службеник на НАТО, кој неодамна се вратил од Италија, е позитивен на коронавирус.
„Можеме да потврдиме дека еден од вработените во НАТО е позитивен на вирусот“, соопштија од НАТО.
Тој се вратил од одмор од северна Италија кон крајот на минатата недела и бил тестиран откако му се јавиле симптоми.
Во соопштението се наведува дека откако му бил дијагностициран вирусот, веднаш биле контактирани неговите колеги.
НАТО ги суспендира привремено службените патувања на одредени членови и привременo ги суспендира групните посети на седиштето на НАТО.