ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Сценографот Крсте Џидров донираше на МСУ дела од уметникот Симон Узуновски

Познатиот македонски сценограф Крсте Џидров – Џиби донираше серија концептуални дела од циклусот„Белешки“ на неодамна починатиот уметник Симон Узуновски (1949 – 2018).

March 10, 2020 18:05
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Познатиот македонски сценограф Крсте Џидров – Џиби донираше серија концептуални дела од циклусот„Белешки“ на неодамна починатиот уметник Симон Узуновски (1949 – 2018).

„Симе беше еден од моите најдобри другари. Пријателувавме уште од крајот на 70те години, од кога и датираат овие негови дела, кои за првпат беа изложени во галеријата „Кора“. Тој постојано се селеше и поради тие селидби, ги остави кај мене со цел да ги заштитам за да не ги оштети при транспорт. Не можам да кажам дека се во моја приватна сопственост, туку беа во долгогодишна привремена сопственост кај мене. По неговата смрт овие 4 дела ги подарив на Музејот на современата уметност – Скопје со цел да ја дополнам колекцијата на оваа институција со уште дела од Узуновски, која пак трајно ќе ги заштити“ вели Џидров.

Појавата на Симон Узуновски на македонската ликовна сцена во половината на седумдесетите години на минатиот век започнува со работата на слики во традицијата на апстрактниот експресионизам, по што набрзо следи неговиот интерес за концептуалистичките практики на темелно преиспитување на традиционалните сликарски и скулпторски медиуми. Започнувајќи ги своите истражувања со серија објекти изработени со леплива лента (Тркалајки, Марија, Преспа), по кои настануваат бројните апликации со селотејп на стакло и хартија, Узуновски ги реализира неговите познати просторни инсталаци во аулата на Филозофскиот факултет и во Дом на младите „25 мај“ во Скопје, кои ја означуваат за првпат во македонската уметност појавата на сите-специфиц инсталациите. Узуновски преку овој опус воспоставува релации во најширока смисла со пост-авангардните движења од средината на 70-те години, со кои беа пробиени конвенционалните јазични бариери во уметничкиот израз. Со циклусот „Белешки“, во кои спаѓаат и делата донирани од Џидров, Узуновски ги превзема семејните пораки и потсетници за пазарење дневни намирници, воведувајќи го како и со лепливата лента, „баналниот“ секојдневен предмет, или во овој случај исечокот од секојдневниот живот во сферата на уметничкото.

Донацијата на Крсте Џидров – Џиби, ја збогатува колекцијата на дела на Симон Узуновски во Музејот на современата уметност, во која влегуваат некои од неговите најзначајни дела со леплива лента, како што е “тркалајката“, Човек и птица, 8 колажи од циклусот Ливада и објектот Преспа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Американскиот пливачки тим има епидемија на акутен гастроентеритис

July 27, 2025

Нашиот ансамбл „Консонанс“ со концертот „Мозаик“ вечерва на „Охридско лето“

July 27, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген, шестмина се во критична состојба

July 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

    Од Папа до активист на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СТРУШКИ ПРЕДИЗБОРНИ ОДГЛАСИ: Ќе има ли градот само еден кандидат за градоначалник?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „Маршот на ангелите“, родителите запрашаа: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk