Кина ги затвори сите времени болници во градот Вухан, епицентар на епидемијата на корона вирусот, според веб-страницата „Пејпер“, што има поддршка од администрацијата на Шангај.
Кинеските власти претходно пренаменија јавни објекти, како изложбени центри и спортски сали, во времени болници за да ги изолираат и лекуваат пациентите со новиот корона вирус.
Околу 12.000 пациенти добиле помош во тие центри.
Кинеските власти соопштија дека времените болници речиси целосно ја исполниле целта „да ги прифатат сите пациенти кои морале да бидат хоспитализирани и кои морале да бидат лекувани“.