Tуризмот трпи загуби и до 80%, секторот бара помош од државата

Паниката го прави своето, но не смееме да дозволиме компаниите да банкротираат, истакна Влатко Сулев од Националната асоцијација за инкаминг туризам, предочувајќи ја како пример Словенија која веќе одвоила една милијарда евра поддршка за туризмот.