Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција за состојбата на деветте пациенти заразени со корона вирус изјави дека кај тројца има влошување на состојбата.
„Од деветте пациенти, шест се во стабилна состојба, а кај тројца од нив има лесно влошување на состојбата, поотежнато дишење, но се уште нема потреба од респираторна поддршка“, изјави Филипче.
Тој додаде дека пациентите се над 65 години.
„Во разговори со одговорни лица од Италија“, рече министерот, „дознавме дека дури по воведувањето ригрозни мерки нема нови случаи. Предлагаме до Владата нови мерки – забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, каферетиите и рестораните до 18 часот, и тоа со преполовен капацитет, за да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите. Сите киносали, театри, обложувачници и казина да затворат. Сите хронични пациенти за интервенција да се одложат освен итните.“
На прашањето дали препораката за скратено работно време до 18 часот важи и за казината и обложувалниците, Филипче рече дека таа важи за сите места каде што има масовно собирање, а што се однесува до полните кафетерии со студенти, тој потсети дека апелираат на јавната свест.