ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Досега 13 заболени од корона вирус, да се следат владините мерки и препораки

Сите пациенти кај кои е потврден вирусот се стабилни, освен пациентката од брачниот пар од Дебар кај кои првично беше потврден вирусот, соопшти вчера на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

March 14, 2020 09:13
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Владата вчера донесе одлука за воведување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа. Кај четири лица од овие општини е потврден коронавирус, тие се во стабилна состојба и денеска ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Со овие четири случаи вкупниот број заболени во државава изнесува 13.

Покрај ова, донесена е одлука да се затвори ски центарот Маврово и граничните премини Џепиште – Требиште и Блато кон Албанија.

Сите пациенти кај кои е потврден вирусот се стабилни, освен пациентката од брачниот пар од Дебар кај кои првично беше потврден вирусот, соопшти вчера на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Таа има дополнителни влошувања на состојбата и е практично на граница за да биде поставена на механичка вентилација. Специјалистите се надеваат дека со цела дополнителна терапија ќе го надмине овој период, но подготвени се и доколку има дополнително влошување да биде поставена на машина за дишење.

Беше тестиран и негативен на корона вирусот е патникот од Германија, кој вчера пристигна на Скопскиот аеродром, државјанин на Република Северна Македонија. Кај него било регистрирана лесно зголемена температура и затоа бил изолиран и бил земен материјал за испитување. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои биле задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата.

На коронавирус вчера попладне биле тестирани уште осум пациенти меѓу кои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Сите тестови се негативни на вирусот.

Министерството за надворешни работи, врз основа на официјалните мерки и препораки, вчера преку соопштение упати апел до сите државјани на Република Северна Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјава во овој период.

На листата на земји од висок ризик се наведени Кина, Италија, Иран, Јужна Кореја, Франција, Шпанија и Германија, како и неколку десетини земји од среден ризик меѓу кои се повеќе европски земји, САД, Канада, Јапонија, Швајцарија, Австралија…(Листа на земји од висок, среден и низок ризик можете да најдете тука)

Министерството за надворешни работи соопшти дека продолжува будно да ја следи состојбата со COVID-19 во и вон земјата преку дипломатско – конзуларните претставништва и останува во постојана комуникација и координација со останатите релевантни институции во државата.

Од МНР повторно апелираат и во целост да се почитуваат и следат официјалните владини мерки и препораки (листа на владините мерки и препораки можете да најдете тука).

Владата ги задолжи министерствата за здравство, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за надворешни работи, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување со сите останати засегнати државни институции да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со настанатата состојба, како и да номинираат членови на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи.
Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД се задолжени да извршат координирани вонредни инспекциски надзори на сите економски оператори кои продаваат средства за заштита од Коронавирусот, согласно мерките, препораки и насоките на Владата.

Министерството за внатрешни работи треба да определи едно лице кое ќе биде задолжено во случај на потреба од интервенција при вршење на овие вонредни инспекциски надзори од страна на инспекторатите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Експерт: Крај на пандемијата во јуни ако сите земји преземат мерки

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари

October 22, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Николоски од Лондон: Македонија со огромна подршка од Велика Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk