Министерот Филипче информираше дека Владата формирала Кризен штаб со кој ќе раководи техничкиот премиер, Оливер Спасовски, а ќе го сочинуваат министерот за здравство, за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за финансии, за образование и наука, надворешни работи, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Кризниот штаб ќе се состанува на дневна основа претпладне во просториите на Владата, веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство.
Водедена е забрана за работата на кафулиња, ресторани, а нарачки ќе има само по телефон.
Исто таа водедена езабрана за влез на лица од земјите со среден ризик. Само МВР може да даде дозвола за влез на овие лица ако има посебен државен и економски интерес. Донесена е одлука за 48 часа да се затвори охридскиот аеродром. Министерството за здравство од секој македонски државјанин што доаѓа од високоризичните и средноризичните земји ќе бара да потпише писмена изјава дека ќе биде 14 дена во самоизолација.
Во трговските центри ќе работат само супермаркетите и аптеките.
			




