Според најновата анкета спроведена на национално ниво од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), на прашањето: Кој политичар најмногу го поддржуваат, кого донекаде го поддржуваат и кого најмалку го поддржуваат, 18% од анкетираните граѓани одговориле дека целосно го поддржувааат Зоран Заев, а на истото прашање само 10% одговориле во корист на Мицкоски.
Дури 45% од анкетираните одговориле дека Мицкоски воопшто не го поддржуваат. Заев е за десет проценти подобар и по ова прашање.
Како што може да се види од графиконот кога се работи за личната перцепција на граѓаните за одделни политичари за кои имаат најповолно мислење, Заев го фаворизираат двојно повеќе анкетирани граѓани во однос на Мицкоски.
Истражувањето покажува масовна поддршка за процесот на интеграциите на Северна Македонија во ЕУ, поточно, 80% од испитаниците се изјасниле позитивно по ова прашање. Најниската поддршка за процесот на ЕУ интеграциите од 2008 година наваму, ИРИ бележи во април 2016, а и тогаш поддршката била извонредно висока: 71%.
Истражувањето е спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од страна на Брима, фирма за истражување на пазарот, од 30 јануари до 10 февруари 2020 година. Податоците се собрани со користење на методот на стратифициран, по случаен примерок, преку интервјуа лице в лице во домот на испитаникот. Примерокот се состои од 1.222 испитаници на возраст од 18 години и постари, со маргината на грешка од 2,8 проценти во граници 95 проценти ниво на доверба. Анкетата е спроведена со поддршка од Националниот фонд за демократија.
Ј. Ѓ.