ТАВ Македонија како аеродромски оператор ги следи и почитува сите мерки на Владата на Република Северна Македонија, воведени досега за превенција и спречување на ширењето на Коронавирусот и ќе продолжи да ги следи сите владини одлуки и препораки, информираат од компанијата.
-Согласно тие мерки, но и согласно нашите корпоративни практики за здравје и заштита при работа, од почетокот на оваа ситуација постојано преземаме мерки за зголемување на хигиената на Меѓународниот Аеродром Скопје, како за патниците, така и за нашите вработени, се вели во соопштението.
Појаснуваат дека површините на аеродромот се дезинфицираат три пати дневно, со соодветни средства за дезинфекција, додека пунктовите каде што најмногу се задржуваат патниците, како што се шалтерите за пријавување и безбедносната контрола, исто така се дезинфицираат три пати дневно, со соодветни средства за таа намена.
Дополнително, поставени се средства за дезинфекција на рацете за патниците на неколку клучни точки: кај шалтерите за регистрација, кај пунктот за безбедносна контрола (при излез од државата, веднаш после Пасошката контрола), како и во делот “Пристигнувања“ (при влез во државата, во близина на Пасошката контрола).
-Покрај овие мерки, ги замолуваме сите патници да одржуваат највисоко ниво на лична хигиена и да не создаваат непотребен метеж, држејќи ја препорачаната дистанца едни од други која што важи за затворените простории, согласно мерките на Владата, информираат од ТАВ..
Како потсетување додаваат дека тоалетите, каде што патниците можат да ги измијат рацете со сапун, се лоцирани на повеќе места во Аеродромот:
– во салата во терминалната зграда, на Пристигнување и Заминување
– При излез од државата, после Пасошка контрола, во близина на Портите (гејтови)
– При влез во државата, после Пасошката контрола, во делот каде што се чека багажот
-Ја разбираме чувствителноста на оваа тема и поради тоа ТАВ Македонија им стои на располагање на сите патници во врска со било какви прашања. Од 8 до 16 часот, во работни денови, можете да нè контактирате на мејлот: [email protected], како и во пораки на нашата Фејсбук страница, додека во секое време можете да се јавите на Шалтерот за информации кој работи 24/7, на телефонскиот број + 389 2 3148 333.
Во врска со летовите, како што веќе апелиравме минатата недела, со оглед на тоа што ситуацијата со Коронавирусот се менува од ден на ден, Ве замолуваме да ги следите последните објави за вашите летови на веб-страниците на авиокомпаниите и да ги контактирате нивните оддели за клиенти:
За Swiss Airlines:
https://bit.ly/2w50v5R
За Qatar Airways:
https://bit.ly/2WadvC4
За Pegasus Airlines:
https://bit.ly/3cPZn6V
За Fly Dubai:
https://bit.ly/3cXAxC8
За Edelweiss:
https://bit.ly/2U2Wt67
За Austrian Airlines:
https://bit.ly/39MauM4
За LOT:
https://bit.ly/2w3zvUs
За Croatia:
https://bit.ly/2IKNX6A
За AirSerbia:
https://bit.ly/2TNVVCn
За Wizz Air:
https://bit.ly/39SqpbO
За Turkish Airlines:
https://bit.ly/2W9xBMH
На нашата веб-страница http://skp.airports.com.mk/ информациите за летовите се ажурираат во реално време, како што ги добиваме од авиокомпаниите, информираат од ТАВ Македонија.