Најбитно ни е здравјето на граѓаните – прво здравје потоа избори, порача Заев на денешната прес-конференција, практично барајќи, во име на СДСМ, на седницата на Советот за безбедност да бидат одложени изборите. Има многу влезни елементи за тоа кога ќе биде другиот точен датум за избори, ние ќе предложиме, но тоа секако ќе го направиме во консултација со сите политички чинители, рече Заев
Република Северна Македонија е во ретките држави која преку владата и институциите презема целосно навремени и одговорни ефикасни мерки за справување со вирусот и спречување на ширењето на заразата, истакна Зоран Заев на денешната прес-конференција.
Тој упати благодарност до докторите, здравствените работници, полициските службеници, новинарите за навремено известување, сите кои остануваат на ниво на нивната задача и сите граѓани кои ги почитуваат мерките за справување со вирусот.
„Наша задача како граѓани е целосно и строго да ги почитуваме мерките. Се справуваме со нов и непредвидлив вирус , се трудиме максимално сите ситуацијата и понатаму да се држи под конторла, да не броиме жртви, туку излекувани. За да се случи тоа потребна е максимална посветност од секој еден од нас. Да продолжиме да се однесуваме одговорно и зрело, се работи за нашето здравје. Да не подлегнуваме на дезинформации и лажни вести кои имаат за цел да шират паника, да се информираме исклучително преку институциите кои известуваат секојдневно. Сега не е време за политички противници и калкулации, сега имаме само еден противник а тоа е корона вирусот. Време е граѓаните да бидат обединети и сложни, а политичарите да бидат обидените за една цел, за здравјето на сите нас и нашите блиски. Верувам дека ке успееме да се сплотиме, зошто секогаш сме биле сплотени во маката. Да продолжиме да ги следиме мерките, да се заштитиме себеси и да ги заштитиме и оние до нас.“, заврши Заев.
Заев притоа истакна дека преставниците на СДСМ на средбата кај претседателот ќе го пренесат овој став и ако тој не свика лидерска средба и да се донесе заеднички одлуката за одложување, но и за новиот датум за изборите.