ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Блажева: Нереално е да нема страв и загриженост, клучно е да се ограничат изворите на информирање

Ана Блажева, психотерапевтка од „Психотерапика“, ги советува граѓаните: Да се воведат нови дневни рутини и активности што ги сакаме, што нè смируваат и во кои можеме да уживаме.

March 17, 2020 15:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ситуацијата со корона вирусот ги принуди луѓето да го сменат начинот на живот, а воедно и со тоа да излезат од својата комфорна зона. Напливот од информации, лажните вести и дезинформации предизвикаа страв кај населението. Ана Блажева, психотерапевт од Здружението „Психотерапика“, вели дека во новонастанатата ситуација нереално е да се очекува дека нема да се појави страв и загриженост, вознемиреност, анксиозност и ред други состојби. Но, како што вели, клучно е да се ограничат изворите на информирање, што сепак е многу тешко бидејќи сме преплавени со информации кои доаѓаат од секаде, вели Блажева за „Мета“.

Имајќи предвид дека луѓето ги следат вестите на социјалните мрежи каде што информациите се така понудени што е тешко да не се појави страв и паника, често се провлекуваат и лажни вести. Во тој случај, како да се намали вознемиреноста кај луѓето?

Ситуацијава претставува огромна промена и носи реална закана за здравјето, животот, но и во однос на прекинување на секојдневието – прекинати се сите вообичаени дневни рутини. Постојат реални ризици и притисоци на работа, во врска со работата, а со тоа и егзистенцијата на многумина. Намалувањето на вознемиреноста во вакви услови е навистина предизвик. Но, она што го имаме на располагање е дишењето, како прва телесна функција со која се регулираат и емоциите, потоа сите телесни вежби, фокусирањето на вниманието како и сите други системи на поддршка, останувањето во контакт со другите, со блиските. Да се воведат нови дневни рутини и активности што ги сакаме, што нè смируваат и во кои можеме да уживаме.

Владата најави дека продавниците ќе продолжат да работат. Тогаш од каде потребата кај човекот да купува енормни количини храна, особено тоалетна хартија, кога симптомите на вирусот не вклучуваат дијареа?

Во ситуација каде што постојано се потенцира и инсистира на одржување на хигиена, стерилизирање и закана по здравје и живот, постои голема поддршка за сите опсесивни аспекти на нашето однесување. Една од реакциите на страв, во оваа насока може да биде потребата да се контролира ситуацијата. Во овој случај прекумерното купување има функција да ни даде чувство на некаква макар привремена сигурност, безбедност и контрола во одонос на нашето нас самите и најнепосредно окружување.

Како појавата на пандемија може психолошки да влијае на човекот бидејќи во тие услови секојдневието се менува, а исто така некои од задоволствата и се скратуваат?

Новонастанатата ситуација има толкави димензии што е преплавувачка и може да има трауматски ефекти врз голем број на луѓе. Ефектите од неа уште не можеме да ги предвидиме, но тие ќе се одразат на секој аспект на живеењето – емоционален,  социјален, здравствен, економски, политички итн. Во овој момент се наоѓаме уште во ситуација на шок, односно период во кој сме преплавени и не можеме јасно да ја согледаме и разбереме ситуацијата. Како и во секоја криза реагираме онака како што знаеме, но тие реакции се најчесто поттикнати од емоцијата што ја имаме на ситуацијата, страв, лутина, отпор. Сите емоции се нормална реакција на ситуацијата. Важно е да бидеме свесни за сопствените емоции, да имаме разбирање за нас, за да можеме да имаме разбирање и за другите. И да не ја изгубиме перспективата. Имаме капацитети и можности како да се поддржиме во оваа ситуација и да ја дозволиме и нашата креативност и солидарноста да бидат дел од воспоставувањето на нови значајни искуства и пракси.

Дали доколку некој бил подолго во карантин е поголема веројатноста тој или таа да има психолошка вознемиреност, вклучувајќи посттрауматско стресно нарушување и депресија?

Изолацијата за многумина може да претставува голем предизвик.  Како што спомнав и претходно треба да се дозволи процесот, да ги уважиме чувствата што ги имаме, потоа да бидеме трпеливи во адаптацијата на новата ситуација, на сите ни треба различно време за тоа. Да не се брзаме да носиме заклучоци и да посегнеме по сите видови на помош и поддршка што ни стојат на располагање. Вклучително и да размислиме како можеме да ја понудиме и на другите околу нас. Потребно ни е време, за да бидеме нежни со себе и другите за да ги дозволиме перспективите и да се останеме отворен за нови можности.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи: Експертите треба да дадат мислење за евентуална одлука да се повика Собранието, а засега таква одлука нема

НАЈНОВО

Исламски џихад се согласува со ставот на Хамас за планот на Трамп за Газа

October 4, 2025
Фото: Priyanka Puvvada / Unsplash

Њујорк е град со најмногу милионери во светот и со 66 милијардери

October 4, 2025

Румена Бужаровска и Билјана Црвенковска во книжевниот избор „Штефица Цвек“ за 2025 година

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски граѓанин најверојатно е загинатиот во експлозија во стан во Белград, објавија српски медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk