ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ивановски: Вонредната состојба трае само 30 дена, треба да се размисли за враќање на Собранието

Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, потенцира дека според Уставот е предвидено вонредната состојба да трае најмногу 30 дена, а кризата со корона вирусот најверојатно нема да биде надмината во тој период, па затоа вреди да се размисли и засега да не се прогласува вонредна, ниту кризна состојба, доколку клучните институции како министертвата за здравство и финансии, МВР, Народната банка и други можат непречено да функционираат и да ги преземаат сите потребни мерки за заштита на здравјето на населението.

March 18, 2020 11:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, потенцира дека според Уставот е предвидено вонредната состојба да трае најмногу 30 дена, а кризата со корона вирусот најверојатно нема да биде надмината во тој период, па затоа вреди да се размисли и засега да не се прогласува вонредна, ниту кризна состојба, доколку клучните институции како министертвата за здравство и финансии, МВР, Народната банка и други можат непречено да функционираат и да ги преземаат сите потребни мерки за заштита на здравјето на населението.

– Состојбата сега е таква што не е само епидемија во прашање, туку нешто итно, светска пандемија. Нашиот Устав предвидува како да се постапува во конретни ситуации, но од друга страна, нуждата ги менува законите. Никој не може да го претпостави крајниот датум на престанокот на оваа криза. Точно е дека Уставот не предвидува дека распуштените пратеници можат повторно да се состанат, но, точно е и дека тие својот мандат си го имаат до конституирањето на следниот пратенички состав. Ако сега се состанат за да носат одлуки, тоа би било недоследност, но тоа е помалку важно во итната состојба, затоа што, како што реков, нуждата ги менува нештата. Сега е друга дилемата. Во Уставот е предвидено дека вонредната состојба ја прогласува Собранието со двотретинско мнозинство, на предлог на Владата, Претседателот или 30 пратеници, а ако не може да се состане Собранието, вонредната состојба ја прогласува Претседателот и потоа и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане. Но, важноста на одлуката за вонредната состојба е само 30 дена, а тоа никој не го потенцира. Кризна или воена состојба, важноста на обете е 30 дена, со тоа што кризната состојба може да се продолжи со одлука на Собранието. Ако вонредната состојба се прогласи без да се активира Собранието, закондавната функција ќе ја врши Владата, но борбата со коронавирусот веројатно нема да заврши за 30 дена. Затоа треба да се размисли засега да продолжи да функционира техничката влада, доколку клучните институции како министерствата за здравство и финансии, МВР, Народната банка и други можат непречено да функционираат и да ги превземаат сите потребни мерки со истата брзина што би ја имале и при прогласена вонредна состојба. Ако ескалира ситуацијата може и да се поништи техничката влада и да се врати редовниот состав на Собранието. Треба да се потенцира и тоа дека ако немавме техничка влада и распишани избори и ако се случеше пандемија, на овие пратеници при вонредна состојба ќе им се продолжеше мандатот – вели Ивановски за „Слободен печат“.

Тој додава дека правно не е се најчисто во актуелнава ситуација. Според него, состојбата наметнува нештата да се гледаат и од апсект на темелните принципи на Уставот каде човекот е најголема вредност и треба да сме внимателни, како што се вели, да не го исфрлиме детето сосе валканата вода, односно да не дозволиме состојбата да букне додека решаваме правни дилеми.

Next Post

Вонредна состојба во Косово, Тачи го потпиша указот

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk