Владата мораше да ја донесе најтешката одлука, а тоа е да побараме вонредна состојба во Република Северна Македонија, првпат од независноста. Јас и колегите во владата се донесуваме со највисоко ниво на одговорност, затоа што не може да биде само декларација дека здравјето и живтот на граѓаните се најважни за нас, изјави премиерот Оливер Спасовски во емисијата Вин Вин.
-Сите институции функционираат како што треба и така ќе продолжи во иднина. Тоа беше и во минатото, пред прогласувањето, така ќе биде во иднина. Во овој момент треба да се покаже сплотеност, единство и високо ниво на одговорност. На лидерската кажав ајде да ги изненадиме граѓаните дека сме единствени во нешто и ми е драго што тоа се прави, рече Спасовски.
Тој рече дека би можел многу да зборува за тоа што прави и зборува опозицијата, но дека немало да се занимава со луѓе кои се заниамваат со политиканство во оваа состојба. Додава дека граѓаните се оние кои ќе судат, а негов приоритет биле животот и здравјето на граѓаните.
-Треба да бидеме брзи и ефикасни, така да се прават анализи кој е најсоодветниот правен механизам за одложување на изборите. Ние ја имаме политичката волја и очекувам многу скоро да се донесе одлуката и ќе се тргнат тие бариери и да се намалат обврските од тој дел и да се насочиме кон коронавирусот, вели Спасовски.