Како дел од мерките за спречување на ширење на вирусот, премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на ТВ Телма, соопшти и дека Водно од утре ќе се затвори за граѓаните од 18 часот до 6 часот наутро за да се спречи собирање на граѓани и додаде дека ќе се испитуваат информациите за изнајмување на куќи во неколку скопски населби како и на договорите за издавање.
– Навистина треба да се однесуваме на висина на одговорноста. Мораме да покажеме со конкретни чекори на дело. Сите институции функционираат како што треба со меѓусебна комуникација. Тоа беше и пред и сега по прогласувањето на вонредната состојба. Треба да се покаже единство, висок степен на одговорност, рече премиерот.