ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Реструктурирањето на кредитите е за граѓаните и фирмите, масовни отпуштања во моментов нема

Во постојана комуникација сме со Синдикатот и коморите. Како што тече периодот се гледа дека во економијата ќе има поодложени ефекти. Мерките кои што ги понуди владата во првиот удар се да погодат само во центарот – или она што е најзагрозено во дадениот момент. Секако дека е потребен и пакет на мерки и за останатите сектори кои што верижно ќе бидат загрозени од оваа криза, изјави заменик претседателот на Владата Мила Царовска

March 20, 2020 09:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

-Во постојана комуникација сме со Синдикатот и коморите. Како што тече периодот се гледа дека во економијата ќе има поодложени ефекти. Мерките кои што ги понуди владата во првиот удар се да погодат само во центарот – или она што е најзагрозено во дадениот момент. Секако дека е потребен и пакет на мерки и за останатите сектори кои што верижно ќе бидат загрозени од оваа криза, изјави заменик претседателот на Владата Мила Царовска на гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Таа кажа дека може да се спроведат порадикални мерки, но дека за сега нема потреба од дополнителна владина интервенција.

-Како се прибираат средствата така и мерките се надополнуваат. Македонската банка за развој во април стартува со мерките за најпогодените. Втората мерка е субвенционирање на придонесите. Принципот на солидарност е многу важен во овој момент. Банките заедно со НБРМ донесоа одредени одлуки за реструктуирање. Можат и да ја променат сумата на отплаќање на кредитот. Во криза владата може да има и порадикални мерки, но до сега одлично комуницираме со НБРМ, банките доставија начин на реструктуирање и сега за сега нема потреба од владина интервенција во овој момент, вели Царовска.

Фирмите не ги отпуштаат вработените, туку го праќаат на одмор, а нормално продолжува и трговската размена со другите земји.

-Реструктурирањето на кредитите ќе биде и за граѓаните, не само за фирмите. Ако ја видите динамиката масовни отпуштања во моментов нема. Она што се гледа во медиумите околу отпуштања, всушност е земањето на платен одмор, и така фирмите и луѓето се снаоѓаат. Трговската размена со земјите од регионот продолжува и правиме се за да се поттикне земјоделието. Сега е време внатре да стегнеме, правиме проекции и да поттикнеме земјоделието во моментов да произведува добра кои што ние дома ќе ги користиме, рече Царовска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Следува потопол период, колку ќе ја ублажи состојбата со корона вирусот

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Aпликацијата m.Uslugi ќе ја промени државата од корен

October 4, 2025

Герасимовски: Поставуваме две монтажни гаражи со 900 нови паркинг места

October 4, 2025
Фото: МИА

Лидерите на Западен Балкан в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk